А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Uncategorized

Србија ја одбележа годишнината од промените на 5 октомври

by Кристијан Ландов05/10/2018 - 18:22395
Share0

Во Србија денеска се одбележува 18-годишнината од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои беше ставен крај на децениското владеење на Слободан Милошевиќ.

Добивај вести на вибер

Дел од јавноста во Србија продолжува да гледа на 5 октомври како на симбол на демократските промени, но и како на пропуштена доверба, неисполнети ветувања и насилство.

Министерот за трговија и туризам Расим Љајиќ, кој беше еден од учесниците во „петоктомвриските настани“, изјави дека овој датум за него претставува позитивен историски настан и пресвртница во демократскиот развој на Србија.

– На 5 октомври, и денес гледам како што гледав на 6 октомври. Сменет е недемократскиот режим, кој ја доведе земјата во изолација и конфликт со светот, изјави Љајиќ.

За разлика од Љаиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е можно да се даде „еднозначна оценка“ за настаните по 5 октомври 2000 година, бидејќи последиците од овие настани беа и добри и лоши.

– Не е се црно или бело, што се однесува до 5 октомври. Тоа се нијанси меѓу црното и белото. Имаше добри работи, бидејќи повеќе не бевме изолирани, како земја се отворивме, изјави Вучиќ, додавајќи дека „сепак имаше и лоши работи, бидејќи најлошите разбојници како плен грабнаа се што вредеше во Србија, а притоа ги напуштија српските државни и национални интереси и ја воведоа земјата во најтешка должничката криза од 2008-2012 година“.

Вучиќ оцени дека денес во сите сфери на општествениот живот во Србија состојбата е „десет пати подобра“ и како пример го наведе податокот дека сега има три пати помалку убиства отколку во 2001 или 2003 година.

– Милошевиќ ја уништуваше економијата, но не намерно и со умисла, туку политиката ја воведе Србија во конфликти. А, Драган Ѓилас и другите искрадоа се што Милошевиќ остави во наследство, барем во суштина. Секоја фабрика ја уништија, рече Вучиќ и додаде дека опозиционерите Драган Ѓилас и Вук Јеремиќ, се меѓу најбогатите луѓе не само во Србија, туку и во целиот регион.

За годишнината со соопштение се огласи и Либерално демократската партија на Чедомир Јовановиќ, во кое се наведува дека „денес да се зборува за 5 октомври, а да се заборави дека контрареволуцијата беше извршена на 12 март со атентатот врз премиерот Зоран Ѓинѓиќ, можат само оние кои намерно ја фалсификуваат вистината“.

Опозицијата во Србија овој датум го одбележа со протестен марш и со полагање цвеќе на гробот на убиениот премиер Зоран Ѓинќиќ, додека во српското Собрание е поставена изложба на украдените и уништени слики од собранискаат зграда на 5 октомври 2000 гоина.

srbija

Би можело да ве интересира

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он05/02/2026 - 17:2505/02/2026 - 17:09

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Горан Наумовски02/02/2026 - 11:26

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:0601/02/2026 - 21:55

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:42

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Горан Наумовски29/01/2026 - 20:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен