Сите пет лица од авионот што денеска се урна на плантажа со соја, во југоисточниот дел на Бразил, загинаа во несреќата, соопшти полицијата.
Двомоторецот со шест седишта, полетал од Сао Паоло, кога, од засега непознати причини, се срушил, се додава во соопштението.
Истрагата за несреќата е во тек, но постои можност дека авионот се урнал поради силниот дожд, пренесе АП.