Груевски ќе чека упатен акт за Шутка

Од:

Осудениот експремиер Никола Груевски одлуката на Апелацискиот суд за затворската казна, треба да ја добие во писмена форма. Потоа судијата за извршување санкции треба да му достави упатен акт со датум за денот кога ќе треба да оди во затвор.

По ова, Груевски може да бара одложување на издржување на затворската казна, со точно наведени причини. Ако биде одбиен има право на жалба до Кривичниот совет.

Освен одложување на затворската казна, Груевски до Врховниот суд може да поднесе и барање за вонреден правен лек за преиспитување на пресудата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош