(ВИДЕО) Петров: Одѕивот на референдумот е 22%, а 36,9% е резултат на полнење кутии од вооружени банди

Од:

Светскиот македонски конгрес побара од Државната изборна комисија да изврши вештачење на Избирачките списоци на 22 места каде воглавно живее албанско население.

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Координативното тело против референдумот

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Координативното тело против референдумот

Posted by A1on.mk on Петок, 05 октомври 2018

„Набљудувачката мисија на СМК констатира дека одѕивот на референдумот е 22 отсто, а бројот до 36,9% е резултат со полнење кутии од вооружени банди и партиски членови во населените места каде мнозинството се Албанци, Турци, Роми и Македонци со исламска вероисповед“, рече претседателот на СМК, Тодор Петров.

Тој истакна дека резултатите од референдумот за промена на името на државата ги сметаат за фалсификат. Додаде дека СМК и натаму отфрла промена на Уставот и ратификацијата на договорот со Грција заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

„Во согласност со членот 19 од Законот за референдум, за иста одлука, со истите прашања, Собранието не може да гласа пред истекот на рокот од две години, од денот на одржаниот референдум“, додаде тој.

СМК поднел и приговори до ДИК за нерегуларности за време на гласањето на референдумот, но оттаму не добиле повратен одговор.

Петров бара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министрите и пратениците кои гласале за договорот со Грција и за одлуката за распишување на референдум, поради сторени кривични дела против државата и нацијата. СМК, исто така, бара и конфискација на личниот имот на нивните семејства, во Македонија и светот.

„Бараме оставка од министерот за внатрешни работи, бидејќи на 30 септември го блокира влезот на десетици автобуси од провинцијата на наплатните рампи во Скопје, со 2 до 3 часа детален претрес на патниците со образложение дека бараат оружје и бомби“, рече Петров.

Координативното тело против референдумот протестира и против директорот на ЕВН, Митре Казанџиевски, за кој велат дека поради политички побуди, не одобрил приклучок за струја за бината пред Собранието на прославата по референдумот.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска