Животот е позабавен кога одите онаму каде што ќе ве однесе вашето расположение. Компактно, тивко и агилно, новото AYGO лесно ќе ве води низ тесните градски улици. AYGO е дизајниран за да изненади со својот смел и препознатлив нов изглед.
И со неколку сензационални бои во понудата, AYGO е вашиот начин да се издвоите од толпата.
Промовиранo уште во 2005 година, првата генерација на AYGO беше дизајнирана да привлече млади, урбани клиенти, и да внесе поголемо чувство на разиграност во брендот Toyota.
Со промовирање на нови и уникатни бои секоја сезона, посебни пакети на опрема на локалните пазари како и обемни освежувања во 2008 и 2012 година, AYGO остана постојано свеж што резултираше со вкупна продажба од повеќе од 760,000 возила, со освојување на нови купувачи и задржување на истите, со што брендот го зацврсти своето присуство во сегментот А.
Од неговата промоција во 2014 година, актуелната генерација на AYGO бележи значителен успех во сегментот А во Европа.
Со препознатливиот “X” дизајн на предниот дел на автомобилот и големиот избор на опции за индивидуализација, новото AYGO ви гарантира истакнување во морето на автомобили.
Привлекувајќи ги повеќе купувачите со префинет вкус, од оние кои купуваат автомобил само за превоз од точка А до точка Б, возбудливиот дизајн и одличните динамички возни својства го направија AYGO еден од најдобрите возила во класата.
Во 2017 година, AYGO беше на врвот во сегментот во кој припаѓа, со продадени повеќе од 85,000 возила и удел во пазарот од 6,6%.
Новото AYGO продолжува да ја зацврстува уникатната генеза на моделот и посебноста во својот сегмент.
Инженерите и дизајнерите во Toyota не само што го унапредија младешкиот и уникатен имиџ, туку го редизајнираа и погонот овозможувајќи пониска потрошувачка на гориво, подобри перформанси и возни својства, кои го направија овој автомобил уште позабавен за возење.
Новото AYGO е веќе достапно во продажниот салон на овластениот импортер за TOYOTA во Македонија со почетна цена од 9.390 Евра.
Седум уникатни пакети на опрема во перфектен склад со возбудлив ентериер, и надворешни бои на каросерија кои ќе ве пленат на прв поглед.