Вучиќ: Го поддржувам договорот меѓу Скопје и Атина, но не го потценувам народот во Македонија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека го поддржува договорот меѓу Скопје и Атина, но дека не го потценува народот во Македонија кој според него, испратил јасна порака.

– Сметав дека договорот е добар и тоа го сметам и денес. Сметам дека секој договор е многу важен за народот на обете земји. Ние не се мешавме во внатрешните работи на двете држави, иако и јас како претседател и Владата го поддржаа договорот, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со известителот на Европарламентот Дејвид Мекалистер.

Тој, меѓутоа рече, дека не е слеп за да не гледа што се случило и која е пораката на народот, пренесува Танјуг.

– Народот во Македонија донесе јасна и недвосмислена одлука и нема, како некои други да ја игнорирам, рече Вучиќ.

Тој уште изјави дека посакува се најдобро и успех на Македонија и Грција, бидејќи, како што рече, станува збор за два братски народи.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов