ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар на партијата, дознава „А1он“ од партиски извори.

Неофицијално, причина за разрешувањето е несовесното работење на партијата. „А1он” го контактираше Богојески за потврда на информацијата, но тој не одговараше на телефонски повици.

Петар Богојески е еден од членовите на партијата кои го поддржаа договорот со Грција, притоа, бараше и внатрешни реформи во партијата. Тој пред референдумот, велеше дека мнозинството од членството на неговата партија сака влез во ЕУ и НАТО и повикуваше да излезат на гласање.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче