Седници на собраниските комисии за транспорт и за прашања на изборите и именувањата

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија и за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се Предлог измените на Законот за животната средина, во прво читање, предложен од неколку опозициски пратеници.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да утврди предлог – одлуки за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за именување на член на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор, за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и за избор на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање