Вработените во Јавното претпријатие „Камена Река” почнаа со цветно и хортикултурно уредување на општина Македонска Каменица. Како што информираат одговорните од претпријатието, досега се засадени околу 600 најразлични видови цвеќиња.
– Сите цвеќиња се произведени во нашиот расадник кој изобилува со љубичица, каранфил, украсни зелки, хризантеми и други видови на хортикултурни растенија. Акцијата има за цел цветно и декоративно разубавување на зелените површини во општина Македонска Каменица. Оваа активност ќе продолжи и во наредниот период во кој е планирано да се посадат околу 6.000 најразлични видови есенско цвеќе, истакна Влатко Димитровски од Јавното претпријатие.
„Камена Река“ е единственото претпријатие кое располага со еден од најголемите цветни паркови во истокот. Околу 15.000 е бројката на цвеќиња кое претпријатието ги произведува во своите две цветни оранжерии во пролетната и есенската сезона. Петунија, тагетис и други цвеќиња најмногу се употребуваат за разубавување на влезовите на градот и на централното градско подрачје.