Општина Штип поставува ново улично осветлување на три улици во градот. Градоначалникот Благој Бочварски денеска беше на увид во градежните работи на улицата во населбата Баби 6, каде што се поставува уличното осветлување.
– Претходно ги асфалтиравме и поставивме нова водоводна и канализациона мрежа, а сега го поставуваме и уличното осветлување, што значи дека ги комплентираме инфраструктурните зафати. Паралелно со ова беа распишани и тендери за уште две улици во градот. Тоа е во наеслбата Блок 2000, се работи за 380 метри улично осветлување и во населбата Сењак, кај објектот на Луна комерц и се работи за нови улици, каде веќе се поставуваат 450 метри ново улично осветлување, вели Бочварски.
Низ трите нови штипски улици се поставува улично осветлување во должина од околу 1.100 метри, а вредноста на овој проект е околу два милиони денари обезбедени од буџетот на Општина Штип. По поставувањето на уличното осветлување на трите нови улици ќе се гради и тротоарни површини, со што како што вели Бочварски општината гради плански, а граѓаните добиваат инфраструктура која ја платиле преку комуналиите.