Во штипското училиште „Коле Нехтенин“ отворен Вики клуб

Од:

Во штипското електро-машинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“ се отвори првиот Вики клуб во источниот регион. Наставничката по македонски јазик, Јованка Шалева појаснува дека станува збор за клуб, во кој што учениците ќе истражуваат и пишуваат за Википедија.

– Дојдовме до идеја со директорот на училиштето дека е паметно да ги насочиме нашите ученици своето слободно време што го поминуваат на интернет да биде ефикасно и да биде паметно искористено. Така што во рамките на овој Вики клуб очекуваме тие да истражуваат, да соработуваат со други соученици, да пишуваат статии од повеќе области, вели Шалева.

Ученичката Дијана Кузманова истакна дека во училиштето се стекнуваат со знаења од областа на науката и техниката, но професорите постојано ги мотивираат да учествуваат во различни активности, како што е и новиот Вики клуб.

– Томас Едисон рекол дека генијалноста претставува еден процент на испирација, додека пак 99 отсто на упорна работа. Вики клубот ќе биде простор во кој што ние ќе се дружиме, ќе соработуваме, истражуваме и пишуваме за Википедија за најразлични области, рече Кузманова.

Учениците сметаат нивното слободно време користејќи го за истражување и пишување ќе биде и ефективно искористено. Вики клубот е формиран во соработка со Глам Македонија, кој е и огранок на проектот Википедија во земјава.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“