А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Фајон: Секое друго сценарио освен компромис со Грција е чекор назад

by А1он02/10/2018 - 14:52192
Share0

Пратеничката од групата на европските социјалдемократи, Тања Фајон за МИА вели дека е многу задоволна со убедливата поддршка која сите граѓани на Македонија и ја дадоа на Спогодбата со Грција и покрај фактот што загрижува неизлезеноста.

Следете a1on на Instagram Instagram

Таа смета дека сега на ред е Собранието за усвојувањето на уставните амандмани.

– Премиерот Заев ја има мојата потполна поддршка и се надевам дека Договорот ќе биде усвоен, секое друго сценарио значи враќање чекор назад, предупредува Фајон.

Македонија, потсетуваа таа, долго беше неспособна да напредува и изгуби многу време на патот кон ЕУ и НАТО. Денеска таа верува дека сѐ уште е можно Договорот да успее.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Членството во ЕУ и НАТО е најдоброто сценарио за Македонија, вели Фајон. Сега политичкиот врв и опозицијата треба да покажат зрелост и мудрост и да ги стават интересите на Македонија пред личните интереси, порачува пратеничката од Словенија.

Според Фајон ЕУ и НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во наредниот период за да може да се остварат евроатлантските цели на земјата. Таа порачува дека граѓаните, исто така, во овие мигови треба да покажат одговорност пред иднината на сопствената држава.

– Околу бојкотот, ние не знаеме кои се тие луѓе кои бојкотирале и зошто, јас ги повикувам сите граѓани да преземат одговорност за својата држава.

Таа смета дека опцијата за предвремени избори не е најдобра.

-Слушнав дека тоа е можност и дека Владата е подготвена на такво нешто, но во прашање е кусо време, а и не сум сигурна колку луѓето имаат желба повторно да одат на избори. Сега е време Македонија да се стабилизира, не е време за избори. Македонија треба сега да биде стабилна и силна, порачува Фајон.

Запрашана дали требаше Европската Унија да покаже повеќе храброст во доделувањето јасен датум за преговори Тања Фајон одговори дека “највеќе храброст покажа Зоран Заев“.

– Македонската власт која по 27 години направи таков договор за решавање на тој спор, тоа е тоа што е историски, сѐ друго е дел од меѓународната поддршка, порача Фајон.

imetoreferendum

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on14/06/2026 - 18:3014/06/2026 - 18:32

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски30/05/2026 - 09:2630/05/2026 - 10:38

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Горан Наумовски28/05/2026 - 09:48

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 13:15

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Горан Наумовски23/08/2025 - 08:01

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Горан Наумовски04/07/2025 - 21:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто