ЕК: Буџетски планови на Италија не се во согласност со европските правила

Од:

Еврокомесарот задожен за еврото и социјалниот дијалогм Валдис Домбровскис, изјави дека сегашните буџетски планови на италијанската влада не соодветстуваат со европските правила.

-Во разговори сме со владата, но плановите кои се презентираат за сега не се во согласност со европските правила на Пактот за стабилност и раст. Треба допрва да ни се презентира нацрт-буџетот, Владата има до средината на октомври, и потоа ќе дадеме формално мислење, рече Домбровскис.

Италијанската влада, коалиција на есктремната десница и популистичката партија „Пет ѕведи“ најави дека сака да го зголеми својот дефицит, кој е веќе над дозволената стапка, и е најголем по оној на Грција.

Еврокомесарот потсети дека до сега Италија е меѓу земјите кон кои правилата биле најфлекибилни, но дека буџетските планови одат подалеку од таа флексибилност во однос на дефицитот и на долгот.

-Важно е Италија да се држи до одговорна макроекономска и фискална политика и да ги задржи каматните стапки на прифалтиво ниво, предупред Домбровскис.

Италија е третата наголема економија на еврозоната.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски