Бочварски ги посети детските градинки во Штип по повод Светскиот ден на детето

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски по повод Светската недела на детето ги посети двете детски градинки во општина Штип, детската градинка „Астибо“ и детската градинка „Вера Циривири Трена“ каде во име на Општина Штип донираше поклони. Во детската градинка „Астибо“ се донираше аквариум, додека во детската градинка „Вера Циривири Трена“ спортски реквизити за игра и забава на најмалите.

„По повод Светската недела на детето денеска имам можност да ги посетам двете детски градинки во Штип. Во овој момент се наоѓаме во детската градинка „Астибо“ кадешто бев присутен на една убава претстава од дечињата овде со што посакувајќи им ја неделата на детето и тековната година успешна подаривме во име на Општина Штип еден аквариум којшто беше барање на детската градинка „Астибо“ и на дечињата.

Одовде ќе заминеме и во другата градинка „Вера Циривири Трена“ кадешто подаривме реквизити за играње на децата такашто Општина Штип ја одбележува оваа недела на детето со што им подаруваме по еден скромен подарок на двете детски градинки.

Тие побараа од мене да се изгради нова детска градинка и да се подобрат условите во градот со спортски реквизити и реквизити за забава на дечињата и ние си ја превземаме таа обврска, а тие ни ветија дека ќе ги чуваат во иднина,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Општина Штип и во иднина ќе продолжи да се грижи за најмалите, преку подобрување на условите за нивно растење и развивање.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски