Општински натпревари за „Млади библиотекари” во Делчево и Македонска Каменица

Од:

Јавната локална библиотека „Илинден“ ќе организира општински натпревари за „Млади библиотекари во Делчево и Македонска Каменица. Натпреварот традиционално го организира Библиотекарското здружение на Македонија, а истиот годинава ќе се одржи по деветнаесети пат.

– Според правилата за организирање на натпреварот, учество можат да земат ученици и членови на локалните и училишните библиотеки на возраст до 14 години. Победниците на општинските натпревари ќе учествуваат на Републичкиот натпревар. Ние како библиотека во соработка со клонот на библиотеката во Македонска Каменица општинските натпревари треба да ги спроведеме најдоцна до 20 октомври 2018 година. Во договор со училиштата од М.Каменица и Делчево, ќе се одреди точниот датум на одржување на натпреварот, рече директорката на Јавната локална библиотека „Илинден“, Билјана Петровска.

Додаде дека учесниците на натпреварот во времетраење од 60 минути, писмено ќе одговараат на 20 прашања од Прирачникот за подготовка на кандидати. Согласно предвиденото библиотеката ќе формира тричлена комисија која ќе се грижи за правилноста на натпреварот.

Трошоците околу натпреварот Млади библиотекари ќе бидат на товар на ЈЛБ „Илинден“ Делчево.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска