Руската Амбасада во Скопје, на социјалната мрежа „Твитер“ сподели статус во кој вели дека резултатот од референдумот во Македонија сведочел за тоа дека гласачите одлучиле да бојкотираат наметнати решенија.
„Две третини од македонските граѓани не ја поддржаа Преспанската спогодба. Таа е спротивна на македонскиот устав и на меѓународно право“, пишуваат од Амбасадата.