Ирански дипломат ќе биде истеран од Германија поради планиран бомбашки напад во Париз

Од:

Германски суд денеска реши да ја одобри екстрадицијата на иранскиот дипломат Асадолах Асади во Белгија, каде ќе му се суди за подготовка на терористички напад.

Асади, кој е ирански дипломат базиран во Баварија, е осомничен дека учествувал во операција чија цел била да се подметне бомба на собир на иранската бунтовничка група МЕК во близината на Париз. МЕК, или „народните муџахедини“, организираа собир на кој присуствуваа и американски политичари како Руди Џулијани и Њут Гингрич.

Се претпоставува дека иранската тајна служба, преку нејзините дипломатски претставништва, сакала да детонира бомба на овој собир. Белгиската полиција уапси две лица со потекло од Иран кои превезувале експлозив, по што почна истрага низ неколку европски држави

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз