(ВИДЕО) Движење БЕСА: Граѓаните, кои излегоа на референдум, се изјаснија „за“ НАТО и ЕУ

Од:

Лидерот на Движењето БЕСА Африм Гаши вечерва на прес-конференција во Скопје оцени дека изборниот ден, со мали забелешки, поминал на најдобар можен начин и граѓаните имале можност да ја изразат слободно својата волја. Одговорот ДА на референдумот бил аппсолутен за ЕУ и НАТО и најави дека остануваат посветена на евро-атлантската агенда и ќе продолжат да го подржуваат процесот, кој сега ќе се одвива во државните институции, во Собранието и во Владата.

– Им се заблагодаруваме на сите граѓани кои се одѕваа на повикот за референдум, потврдувајќи притоа голема граѓанска одговорност и зрелост за значајниот момент во кој се наоѓа државата. Исто така им се заблагодаруваме и на сите активисти на Движењето БЕСА кои денес беа максимално активни, пружајќи им помош на граѓаните да имаат можност да се изјаснат на овој референдум. Како што може да се види од првите податоци, таму каде што Движењето БЕСА ги има своите традиционални гласачи, и излезноста беше над 50% и одговорот ДА на овој референдум бил апсолутен, рече Гаши и упати честитки до Државната изборна комисија, безбедносните органи и органите на правдата.

Според него, денеска уште еднаш се потврдило тоа што, вели како политичка партија, но и како Албанци, го истакнале дека недостатокот на еден коректен попис на населението ќе остави последици и на избирачкиот список. Од друга страна, посочи и на непрочистувањето на избирачкиот список, и на просечниот праг, кој вели, бил кренат толку високо, што било тешко веројатно дека може да се постигне.

– Во една држава во која службените цифри покажуваат стотици илјади иселеници само во последните 15 години, да се тврди дека 903.000 е 50% од гласачите, беше речиси утопија. Затоа, овој референдум е уште еден патоказ за тоа што треба да направиме како држава и како општество и неопходноста за спроведување на попис на населението и прочистување на избирачкиот список, рече Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски