Петров: Ги отфрламе резултатите од Референдумот, бараме оставка од Владата и вонредни избори

Од:

Денес е голем ден, го одбранивме името и идентитетот. Со Македонија постоиме, без Македонија ќе не снема, изјави претседателот на Семакедонскиот конгрес, Тодор Петров, кој посочи дека ги отфрлаат резултатите од референдумот и бараат оставка од Владата.

„Договорот со Грција е отфрлен со овој референдум. Според Уставот пратениците најмалку 2 години не можат да гласаат за договорот со Грција“, изјави од прославата пред Собранието, Тодор Петров.

Додаде дека спогодбата Димитров- Коѕијас претставува кривично дело што се казнува со затвор од најмалку 5 години и побара од јавниот обвинител да поднесе обвинителен акт против премиерот, министерот и пратениците кои гласаа за договорот и распишување на референдумот со конфискација на имотот. Тој побара и обвинителен акт за поткупување за време на референдумот.

„Бараме Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се оди на вонредни избори“, додаде Тодор Петров.

Петров ја изрази својата поддршка кон претседателот Ѓорге Иванов кој, како што рече, на говорот во Обединетите нации во вистинска слика ја претставил Македонија.

„Предлагаме историско помирување со сите соседски држави, но под услов без меѓусебно мешање во внатрешноста на земјите и реципроцитет. Бараме Иванов да ја прогласи за ништовна спогодбата Димитров-Коѕијас и за тоа да ја извести меѓународната заедница“, рече Петров.

Претседателот на Семакедонскиот конгрес истакна дека ЕУ и НАТО не можат да го сменат името и нацијата на една држава.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска