Граѓаните испратија јасна порака до политичарите дека за иднината на Македонија треба да одлучат народните избраници земајќи ја целата политичка одговорност во Собранието, изјави вечерва претседателот на движењето „Беса“, Биљал Касами.
– Движењето Беса е подготвена за следната фаза што е пред нас, тоа на уставните измени каде што ќе ги даваме нашите сугестии и видувања за да се направат потребните корекции за да имаме Устав кој ќе гарантира потполна еднаквост на Албанците во Македонија и да изградиме сигурна европска иднина во НАТО и ЕУ, рече вечерва Касами на прес-конференција.