Левица повика на прослава: Денес е ГОЛЕМ ДЕН во поновата македонска историја!

Од:

Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине!

Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во Отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните елити и го одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката.

Според извори од нашите набљудувачи на терен, политичката партија Левица обзнанува дека Референдумот за промена на уставното име на Републиката, според домашните и меѓународните важечки регулативи, и официјално е НЕУСПЕШЕН!

Во задолжителна правна сила останува плебисцитарно донесената одлука од Референдумот за независност 1991, каде што е утврдено единственото име на државата – МАКЕДОНИЈА.

Во таа чест, делегација на Президиумот на нашата партија, вечерва во 20:30 часот, ќе се ПОКЛОНИ пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“.

Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери да ни се придружат во ПРОСЛАВАТА на тешкостекнатата победа против владината пропаганда.

Истовремено, ја повикуваме Владата на РМ, поради целосното губење на легитимитетот, под итно да поднесе неотповиклива ОСТАВКА, а Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори!“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on