(ВИДЕО) Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ го кочи урбанистичкиот развој на Гази Баба

Од:

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ, на денешната 14-та седница, на која требаше да се усвојат одлуките за Деталниот урбанистички план за Градската четврт СИ 03 блок 3, во општина Гази Баба со планска површина од 9,14 хектари, отпочнат уште во 2015 година и предлог одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градски четврт ЦС блок 02 во општина Гази Баба, ги повлекоа од дневен ред.

Предлог – одлуките од неразбирливи причини, само за нив, денеска ги повлекоа и покрај тоа што сите фази за нивно донесување, се веќе поминати, како и заклучокот од комисијата за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животната средина од седницата оддржана на 26.09.2018 година, кога едногласно му предлага на советот да ги донесе двата детални урбанистички планови“, рече Борис Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба.

„Советничката група на ВМРО–ДПМНЕ, со овој чин на директен начин носи политички одлуки кои имаат долгосежни последици врз идниниот развој на стопанството, како и за идните инвестиции.

Ова претставува брутален начин, наместо да овозможат подобри услови, истиот го кочат и затоа пред граѓаните на општина Гази Баба да понесат и своја одговорност.

Одговорност е професионално и без поличка позадина да им се излезе во пресрет на домашните компании, во нивниот развој, во идни планови и инвестиции.

Одговорност е со мнозинството гласови во советот, да носат, а не да кочат одлуки и за одговорноста треба им дадат образложение на граѓаните кои ги избрале.

Како градоначалник на општина на Гази Баба, согласно моите ингеренции и законот за локална самоуправа, ќе направам се што е во моја надлежност, на бизнис заедницата, стопанството и на сите домашни и странски компании, неопходните детални урбанистички планови за нивниот иден развој, да ги донесам согласно соодветниот закон, без никаква политичка позадина, се со цел за нивен иден развој.

Всушност, овде се работи за индустриската зона на улица “Перо Наков” и индустрискиот комплекс на Алкалоид и Пивара.
Со ваквиот чин и гест се носат несогледливи загуби на компаниите кои што се во двата детални урбанистички планови“, изјави Борис Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати