ВИДЕО: Хибридната бура Медикејн прави хаос низ Медитеранот, се очекуваат бранови високи над 11 метри

Од:

Силната бура која што денес ја погоди јужна Грција предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во одредени реони на Атина, меѓутоа невремето допрва доаѓа.

Според грчката метеоролошка служба во морето помеѓу Пелопонез и островот Крит се очекуваат бранови високи и над 11 метри.

Училиштата во Атина и во уште неколку делови од земјата се затворени, а спасувачките служби се на готовс цел викенд.

Се очекува да дува ветер со брзина од над 100 километри на час.

https://www.youtube.com/watch?v=W5HUJ0DE1K8

Невремето го носи хибридната бура Медикејн.

Податоците од едно истражување спроведено во 2011 година укажуваат дека во текот на една година се случуваат една или две бури Медикејн и дека тие најчесто се јавуваат во септември или октомври кога водата на површината на Средозменто Море и натаму е релативно топло. Особено силна Медикејн бура го погоди подрачјето во близина на италијанскиот остров Сицилија во 2014 година.

https://www.youtube.com/watch?v=JOncW7gRYUA

Си-Ен-Ен наведува дека минувајќи преку Средоземното Море бурата најверојатно ќе поприми карактеристики на ураган и утре ќе ги погоди грчкиот остров Крит и јужните делови на Грција, по што ќе се упати на исток кон Турција.

Би можело да ве интересира

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски