Нов земјотрес од 7,5 степени ја погоди Индонезија

Од:

Земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на централниот индонезиски остров Сулавеси, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Според други извори, земјотресот бил со јачина од 7,7 степени.

Индонезиските власти првично издадоа предупредување за цунами за провинциите Западно Сулавеси и Централно Сулавеси, меѓутоа тоа беше повлечено.

Неколку часа претходно, истата област ја погоди земјотрес со интензитет од 6,1 степени. Во потресот загина едно лице, десетина беа повредени, а урнати се и неколку куќи.

Индонезија честопати ја погодуваат земјотреси, а најкатастрофалниот удар беше во 2004 година, кога силен земјотрес предизвика цунами при кои загинаа над 226.000 луѓе во повеќе држави што излегуваат на Индиски Океан, од кои половината во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле