Нов парк за миленици во Карпош

Од:

На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, Општина Карпош постави нов парк за миленици.

Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со урбана опрема (клупи за седење и корпи за отпадоци).

Денеска се одржа и неформална средба на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, советниците Владимир Станивуковиќ и Филип Даскаловски, со граѓаните – сопственици на кучиња.

Поголем број на граѓани секојдневно го минуваат слободното време во овој парк, заедно со своите кучиња и навистина се задоволни од тоа што конечно овој простор доби убав лик. Во оваа пригода, тие разменија мислења со градоначалникот за одржувањето на паркот, подигнувањето на свеста кај сите граѓани за односот кон животните, а се изрази подготвеност и за заедничко организирање на настани на оваа локација.

Овој дел од Карпош, полека но сигурно прераснува во убава зона за спорт и рекреација. На овој потег веќе се постави и фитнес зона, во соработка со компанијата Бимилк, а целосниот изглед ќе се заокружи со изградбата на Адреналинскиот парк, проект подготвен од Секторот за развој при Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот