(ВИДЕО) Мицкоски: Кога ќе се разбудите на 30 септември, само послушајте го срцето и правилно ќе постапите

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на кои им посочи дека Договорот од Преспа претставува последниот крик за спас на политичката кариера на Зоран Заев.

Мицкоски говорејќи за договорот истакна дека уште во самата преамбулата на Договор започнува измамата. Измамнички вели тој се повикуваат на повелбата на Обединетите Нации за немешање во внатрешните работи на друга држава, додека самиот договор ја крши повелбата, инсистирајќи на промена на македонскиот Устав.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше фактот дека со договорот се менува идентитетот и националноста, а кај ниту една друга држава во Европа во графата за националност не стои терминот граѓанин.

– На македонскиот јазик пак му дадоа фуснота, преседан и пример каков што нема во светот, вели тој.

Мицкоски рече дека продаваат Европска Македонија, ветуваа живот во 2016-тата година, а тие знаеле оти од тој живот нема ни Ж.

– Донесоа пекол, парчосувајќи ја и распродавајќи ја на секој чекор за овие една и пол година дена поминати во фотелјите во Владата на Република Македонија. Позади завесата се случува огромна пљачка и криминал на нашата татковина. И тоа нема да им го дозволиме и доаѓа денот кога за сето тоа ќе ги поднесат сметките и ќе одговараат, изјави Мицкоски.

– Мора да останеме достоинствени, горди и покрај сите предизвици кои што ни претстојат. Мора да бидеме принципиелни. Да бидеме чесни и искрени. Мора да бидеме тие кои што ќе ја креваат нашата татковина од пеколот кој што ќе ни го остават овие измамници, додаде Мицкоски.

Кога ќе се разбудите на 30 септември, само послушајте го срцето и правилно ќе постапите, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието