СДСМ: Срамното обраќање на Иванов не може да го расипе меѓународниот имиџ што Македонија го изгради изминативе месеци

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов во Обединетите нации.

„Едно срамно обраќање на Ѓорге Иванов не може да го расипе блескавиот меѓународен имиџ што Македонија го изгради во изминатите месеци.

Не може гордоста кај секој граѓанин од успехот на Македонија да се сруши со ваков настап на Иванов, последниот остаток од криминалниот режим.

Во деновите клучни за иднината на државата и нејзините граѓани, Иванов остана доследен на неговото деструктивно и антидржавно однесување. Иако и самиот знае дека нема да успее, Иванов никако не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија.

Срамно е тоа што човек што ја извршува функцијата Претседател, се служи со невистини, манипулирајќи ја јавноста.

Целосно е јасно дека референдумот е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО со обезбеден и зајакнат македонски идентитет.

Не постои План Б. Тоа го знаат сите и беше јасно истакнато од сите високи претставници од ЕУ и НАТО кои што и подадоа рака на нашата татковина.

Македонија, нејзините сегашни и идни генерации немаат нови децении за губење.

Граѓаните во недела масовно ќе излезат и ќе го искористат нивното врвно демократско право и слободно ќе гласаат на референдумот.

Иванов не е тој што одлучува. Одлучуваат единстевно граѓаните кои ќе излезат на референдум.

Граѓаните избираат иднина, избираат членство во НАТО и ЕУ!

ЗА европска Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ