Бускетс останува на „Камп Ноу“ до 2023 година

Од:

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс потпиша нов договор со клубот, според кој тој ќе остане на „Камп Ноу“ до летото 2023 година. Тогаш шпанскиот репрезентативец ќе има 35 години.

Договорот беше постигнат пред некое време, но сега и официјално стана реалност. Во него, клаузулата за откуп била зголемена од 200 на 500 милиони евра. Неговата плата е исто така зголемена, но не се прецизира колку.

– Интелигенција, рамнотежа и преглед на играта, Серхио е неуморен на теренот. Тој е извонреден во одбраната и непроценлив во нападот. Неговото одлично позиционирање на теренот му овозможува да има големо влијание на двата краја на теренот, пишува на веб-страната на клубот.

Бускетс дебитираше за тимот од Каталонија во 2008 и оттогаш стана клучна фигура во тимот. Тој е втор капитен на тимот и незаменлив дел од репрезентацијата на Шпанија. Полудефанзивецот има вкупно 490 натпревари и 13 гола,и има 28 трофеи.

Информацијата за договорот беше објавена само неколку часа по непријатниот пораз на Барса минатата ноќ, но тимот остана на врвот на Ла Лига, откако и Реал загуби со 0:3 во Севиља.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса