Во војната против дрога на Филипини во август убиени 444 луѓе

Од:

На Филипините минатиот месец се убиени 444 осомничени луѓе во рамки на акции за сузбивање шверц на наркотици, објавија денеска филипинските власти.

Вкупната бројка на убиени во војната против дрога во таа држава досега е 4.854 луѓе. Властите тврдат дека се убиени само луѓе кои давале отпор при апсење.

Бројот на приведени е 155.193 лица, а властите откриле дрога вредна 446,6 милиони долари. Активисти за човекови права тврдат дека таа цифра на цивилни жртви е над 12.000 и во неа се вклучени и убиства од одмазда.

Според анкета на приватна компанија, 26 отсто Филипинци не им веруваат на полициските тврдења дека убиените во војната против дрога возвратиле на огнот, а 27 отсто и веруваат на полицијата. Според истражувањето, 96 отсто Филипинци сакаат полицијата да ги осомничените живи, додека четири отсто сметаат дека тоа не е важно.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски