Општина Велес работи на нов ДУП кај старата театарска зграда

Од:

Општина Велес работи на што побрзо носење нов Детален урбанистички план за делот на старата театарска зграда во Велес, информира градоначаланикот Аце Коцевски.

– Целта е да можеме да ја отпочнеме постапката да се продаде тоа земјиште и да се сруши старата зграда и да се изгради деловно станбен објект со сериозни димензии, појасни Коцевски.

Тој информираше дека се прават консултации и подготовки и за руинираната зграда на поранешниот Офицерски дом и Пливачкиот базен во Велес

– Има сериозни фирми што се заинтересирани најмалку по две и за градскиот базен и за поранешниот Офицерски дом, останува само да ги утврдиме нашите позиции како Општина пред да го објавиме јавниот повик за да не биде оштетена Општината. Се трудиме да создадеме најдобри претпоставки за да ги заштитиме интересите на граѓаните на Велес, бидејќи за вакви случаи договорите се случуваат најмалку на 15-20 години заради тоа не би сакале да направиме некоја грешка во чекори, рече Коцевски.

Како што најави наскоро ќе бидат распишани повици со кои ќе ги повикаат заинтересираните компании да учествуваат и ќе склучaт договори со нив.

– Eдна од тие компании веќе ни ја презентира нивната визија за тоа како ја гледаат зградата на Офицерскиот дом, а ние бевме многу задоволно од тоа како нивните архитекти го замислиле и се надевам дека тие ќе се јават на огласот кој ќе биде објавен и дека ќе склучиме договор и дека наскоро ќе почнат работите, најави Коцевски.

На јавна расправа во декември лани граѓаните побараа Офицерскиот дом да биде повторно угостителски објект појаснуваат од Општина Велес и затоа Општина Велес реши тој повторно да биде угостителски објект како што беше пред затворањето.

Имено до август 2012 година во Офицерскиот дом или Домот на АРМ, цели 11 години работеше угостителскиот објект„Снупи“, оттогаш шест години објектот е запуштен и руиниран.

Претходното раководство на Општината планираше и најавуваше Офицерскиот дом или Домот на АРМ во Велес да биде адаптиран во Градска куќа со венчална сала во приземјето, а катот да биде резидијален наменет за пратениците и за прием на странски делагации од страна на Општина Велес.

Тогашното раководство на Општина Велес, единствено го уреди дворот со клупи и зеленило за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ