„Европска недела на спортот“ во ЈДГ „8 Март“ во Кисела Вода

Од:

По повод „Европската недела на спортот, денес гости на дечињата во објетите на ЈДГ „8 Март“, „Пеперутка 1 и 2“ им беа познатите спортисти Даниел Трбогазов и Кристијан Внгелов.

Даниел и Кристијан со своето присуство, донесоа многу насмевки кај дечињата во градинката, се запознаа со нив, се дружеа и спортуваа. Покрај ова, на оваа средба спортистите зборуваа и за нивните секојдневни спортски активности.

На настанот присутни беа претставници од Агенцијата за млади и спорт и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

Воедно, вчера во рамки на „Европската недела на спортот“ во спортската сала „Независна Македонија“ ученички од основните училишта од општините Кисела Вода и Аеродром одиграа пријателски натпревар во женска одбојка.

Одобојкарската екипа од Аеродром победи со 2:1. Додека, во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ракометен натпревар одиграа ученици од Кисела Вода и Аеродром. Натпреварот заврши со победа за учениците од Кисела Вода со резултат 11:07.

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода