Жерновски на состанок на земјите од Јадранската повелба во Њујорк

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој како дел од македонската делегација учествува на 73. Генерално Собрание на ООН, денеска ќе присуствува на состанокот со земјите од Јадранската повелба, а ќе има и повеќе билатерални средби.

Жерновски, изминатите денови, покрај следењето на Генералната дебата, присуствуваше на повеќе настани на високо ниво.

Жерновски имаше обраќање на состанокот на иницијативата на ЕУ „Алијанса против трговијата со инструменти за тортура“, каде државата се приклучи кон заедничкото коминике на државите – учеснички, потврдувајќи ги националните ставови за почитување на човековите права и минимизирање на нехуманите практики и деградирачкиот третман кон луѓето.

Заменик-министерот присуствуваше и на традиционалната, годишна „Трансатлантска вечера“, организирана од државниот секретар на САД, Мајк Помпео, на која присуствуваше и Генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенбер, како и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Впечатокот од приемот, како и разменетите мислења со присутните, ја потврдуваат споделената визија за РМ како идна рамноправна членка на НАТО, од страна на сите постоечки членки на Алијансата. Изразени беа очекувањата за непречено спроведување на претстојниот референдум, следствено и успешна имплементација на потпишаниот меѓународен договор со Грција, се вели во соопштението од кабинетот на заменик-министерот Жерновски.

Тој присуствуваше и на вечерата за шефови на држави и влади за државите од Западен Балкан, организирана од високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување, Јоханес Хан. На вечерата беа пренесени пораките за вреднување на постигнатиот напредок на Република Македонија, која како успешна приказна ги зајакнува реалните перспективи на Западниот Балкан за релативно брза интеграција во евро- атлантските структури.

Беа остварени повеќе билатерални средби, меѓу кои се издвојуваат средбите со директорот за ООН и Франкофонија при француското МНР, и специјалниот пратеник Лакрос, со политичкиот директорот за Европа при ООН, Левент Билман, со претставници на американскиот еврејски комитет, со ЗМНР на Грузија…

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани