Шефовите на дипломатиите на Грција, Бугарија, Хрватска и Романија до крајот на годината ќе ги посетат Македонија и Албанија

Од:

Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, до крајот на годинава планираат да ги посетат Македонија и Албанија. Ова, според шефот на грчката дипломатија, било договорено на квадрилатералната средба во Њујорк на која учествуваа шефовите на дипломатиите на четирите земји од регионот, членки во ЕУ.

– Се договоривме да ја интензивираме нашата соработка, пред сѐ, за стабилизирање на нашиот регион. Планираме до крајот на годината четворицата заедно да ги посетиме Албанија и Северна Македонија за да видиме на кој начин ќе им помогнеме во процесот на европскиот пристап, рече Никос Коѕијас по завршувањето на средбата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција е дел од грчката делегација предводена од Алексис Ципрас на Генералното собрание на ОН, а во текот на денешниот ден, Никос Коѕијас ќе оствари средба со специјалниот претставника на ОН во разговорите за името, Метју Нимиц.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток