Нарачките за првиот летечки автомобил ќе започнат во октомври соопштија од компанијата „Терафуџа”.
Првиот модел, хибридно возило развиено од „Терафуџа” ќе биде испорачано во 2019 година, соопшти директорот Крис Јаран.
Автомобилот ќе собира двајца патници, а ќе му биде потребна писта за полетување и слетување. Промената на автомобилот од опцијата за возење до опцијата за летање ќе трае само една минута, а првичните испораки ќе бидат само во САД.
Цената на автомобилот се уште не е соопштена.
Според медиумите, овој концепт ќе биде тешко да се пробие поради високите трошоци, но летечкиот автомобил на „Терафуџа” ќе ги замени малите авиони и ќе биде користен од фирми, владата и транспортни комапнии.
Од компанијата најавија дека во октомври ќе го соопштат и новиот концепт на автомобил, за кој се верува дека ќе може да полетува и слетува вертикално, а на пазарите ќе се најде во 2023 година.
– Летечките автомобили ќе ги намалат гужвите во сообраќајот и дефинитивно ќе имаат големо влијание врз општеството, економијата, безбедноста и животната средина, рече Жанг Јанџун од Цингуа универзитетот.