(ВИДЕО) Стоилковски: Заев округло па на ќоше избегнува да каже како ќе се менува Уставот

Од:

Уште два дена до пред референдумскиот молк, а Зоран Заев и неговиот криминален клан продолжуваат да кријат информации и да водат лажна кампања со лажни пораки за европски вредности. Едно е јасно тие се коцкаа со идентитетот на државата, граѓаните и институциите и изгубија, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие треба јасно да им кажат на граѓаните дека овој референдум е за Северна Македонија, а не за европска Македонија, бидејќи тие со својата криминогеност и неодговорност нема и не можат да донесат европска перспектива на Република Македонија. Договорот од Преспа е класична капитулација, за што впрочем говори и молкот на Владата кога се работи за уставните амандмани. Заев продолжува округло па на ќоше да избегнува да каже како тие ќе гласат, што со нив ќе се менува, каков ќе биде статусот на македонскиот народ, каква ќе биде Преамбулата, дали и во каков контекст ќе биде споменат АСНОМ, темелот на македонската државност и низа други нејаснотии со овој договор, рече Стоилковски.

Според него, владата бара народот да им верува на зборот на Заев, кој се колнеше во своите деца, своите родители и предци дека нема да го менува Уставот и уставното име.

– Зоран Заев и владата молчат за информациите во јавноста дека Преамбулата ќе гласи: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите.“ Зошто Заев и Владата молчат за информациите дека и севкупните уставни амандмани се веќе изготвени и во форма на нон пејпер се доставени од страна на официјална Атина, а се чека владејачкото мнозинство беспоговорно да ги донесе тука во Собранието на Република Македонија. Молкот на Заев гласно зборува. Зоран Заев точно знае што и како ќе гласи и точно знае дека измените се неприфатливи и сам ги оцени како непријатни за граѓаните. Дури и нагласи дека ги крие бидејќи ќе влијаеле врз граѓаните на претстојниот референдум, рече Стоилковски.

Како што кажа тој, медиуми објавиле дека со измените во Преамбулата државата со претвора во бинационална и се брише сувереноста.

– Затоа му е потребно на Заев секој ден на своите јавни настапи да кажува манипулации одново и одново и да ја замајува јавноста. Затоа на Заев му требаат јавни повици до приватниот сектор за поткуп на гласачи комбиниран со притисок врз нив. Тоа е рецептот на Заев. Да ги погази демократските вредности, да погази Устав и закони само за да ја оправда својата капитулација преточена во т.н договор од Преспа. Ова не е предавство на македонскиот народ, рече Стоилковски.

Тој кажа дека ова е предавство на македонскиот народ кој живее надвор од границите на својата матична земја.

– Заев пак ќе го менува, иако еднаш веќе го менувавме на барање на Грција Членот 49 од Уставот на Република Македонија кој гласи – „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Само Заев знае што е спорно и како ќе гласи овој член после измените побарани од Атина. И од Заев да е премногу е. Република Македонија не е Еленица, за Зоран Заев да се коцка со нејзината судбина. На три дена од референдумот ние повторуваме дека веруваме во мудроста и достоинството на македонскиот народ и апелираме граѓаните да не потпаѓаат под манипулациите на власта, туку да постапат онака како што мислат дека е најчесно кон нив, кон нивните предци и кон нивните потомци. Веруваме во Македонија, бидејќи веруваме дека Македонија ќе победи. рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски