Левица со повик до Албанците да го бојкотираат референдумот

Од:

„Во духот на славната традиција на Крушевскaта република, a инспирирани од Крушевскиот манифест кој ги повикува Македонците и Албанците на заедништво и заедничка борба против тиранијата, Левица на 30 Септември ги повикува Албанците заедно со Македонците и сите останати етникуми, масовно да го бојкотираат референдумот!

Не дозволувајте да бидете излажани од валканата пропаганда дека овој референдум има врска со повисок стандард и влегувањето на Македонија во ЕУ. Овој референдум има една и само една цел а тоа е да ја внесе Република Македонија во НАТО, на грбот на македонскиот народ низ процесот на негово понижување, негирање и самоукинување! Да не дозволиме децата да ни гинат по светот за туѓи интереси!

Албанија е членка на НАТО од 2009 година па дали албанскиот народ е посреќен од македонскиот? Дали Албанија економски се развива, дали се градат училишта, болници, патишта, фабрики? Дали Албанците помалку се иселуваат? Не!

Исто како Македонија и Албанија економски се распаѓа! Сите ние тука тивко умираме, заедно едни покрај други, странци сме во сопствените земји!

Затоа национализмот и заблудата дека НАТО или некој друг ќе ни ја заврши работата дома треба да ги отфрлиме и да си ја земеме судбината во свои раце! Сите заедно и Албанци и Македонци! Заедно ќе ја изградиме оваа земја за сите подеднакво!

Сиромашниот Албанец не смее да биде искористен као инструмент против сиромашниот Македонец! И денес кога во Грција сеуште албанското и македонското малцинство се негирани Албанците треба да застанат со Македонците од солидарност, и да ги поддржат во борбата против оваа историска неправда! Затоа што Албанците добро знаат што е неправда!

Останете дома, не излегувајте на гласање, немојте да бидете дел од овој срамен и понижувачки процес! На 30 Септември народот на оваа земја ќе се обедини во отпорот на социјалниот инжинеринг форсиран однадвор! На 30 Септември народот ќе Бојкотира!

Албанците и Македонците заедно ќе Бојкотираат!“, се вели во повикот на Левица.

Би можело да ве интересира

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга