Браќата Џим и Џон Харбо беа во директен дуел за шампионскиот трофеј во НХЛ. На крајот, по голема битка, победија Балтимор Рејвенс и Џон Харбо со 34-31.
На полувремето своја изведба имаше прекрасната Бијонсе, а и се придружија и некогашните колешки од „Дестини’с чајлд“.
Мечот влезе во интересна завршница, а Балтимор со „филд гол“ зголеми на 34-29.
Уште четири минути до крајот, а Сан Франциско со надеж дека ќе направи „тачдаун“ за неверојатен пресврт и за победа.
Каперник ја презеде одговорноста, упати одлично додавање до Дејвис, кој со трчање од 32 јарди се приближи на десет јарди до целта. Останаа уште две минути до крајот на средбата.
Беше потребен само уште еден магичен потег од Каперник, додавање за „тачдаун“. Но, во сите четири обиди одбраната на Балтимор беше цврста, не дозволи поентирање и стигна до конечниот триумф, 34-31.
Квотербекот на Рејвенс, Џо Флако, беше прогласен за МВП на 47. издание на Супербоул