Џафери-Баздникин: Продлабочување на меѓусебната соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.

Џафери му посака на новоименуваниот амбасадор Баздникин успех во извршувањето на оваа одговорна функција, а за време на средбата нагласи и дека стратешки приоритет на Македонија со одлука на граѓаните се евроатлантските интеграции на земјата, но големо значење се придава и на унапредувањето на билатералните односи со Руската Федерација, а особено на парламентарната и економската соработка.

Амбасадорот, Сергеј Баздникин истакна дека негова цел во рамките на мандатот ќе биде продлабочувањето на меѓусебната соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија во бројни полиња од заеднички интерес. Тој укажа на потребата за унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу двете земји.

Двајцата оцениле дека интензивирањето на меѓупарламентарната соработка може да се реализира преку взаемни посети на Групите за пријателство, а со оглед на тоа што таква група во Собранието на Република Македонија веќе постои, амбасадорот се заложил за забрзување на основањето на соодветна група и во Федералното собрание на Руската Федерација и тоа би бил одличен начин на размена на идеи, мислења и искуства.

На средбата меѓудругото станало збор и за текот на референдумската кампања чијшто овластен носител е Собранието.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање