А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Столтенберг сака поконструктивен однос со Русија

by А1он26/09/2018 - 10:30124
Share0

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека сака „поконструктивен однос“ со Русија и покрај мерките што ги презеде Алијансата како реакција на „зголемената воена активност на Москва“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Столтенберг изјави дека е потребен дијалог меѓу Западот и Русија во обид „да се намалат тензиите и да се избегнат лошите проценки“.

Генералниот секретар на НАТО посочи дека поради вознемиреноста од „военото мешање“ на Русија во Украина и Грузија, поддршката што Москва му ја пружа на сирискиот претседател Башар Асад, како и руското воено присуство во Источниот Медитеран, Алијансата првпат распореди борбени групи на териториите на земјите членки во Истична Европа и наскоро ќе ја одржи „најголемата воена вежба на оваа генерација“ во водите на Норвешкото Море на која ќе учествуваат припадници на копнените, воздухопловните и поморските сили.

– Во услови кога имаме сериозни несогласувања и кога гледаме зголемени тензии и засилено воено присуство во близина на нашите граници, уште позначајно е да водиме дијалог, посочи Столтенберг.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според него, засилувањето на комуникацијата меѓу НАТО и Русија би можело да помогне во намалување на тензиите.

Осврнувајќи се на неодамнешната изјава на украинскиот претседател Петро Порошенко дека Вооружените сили на Украина планираат да ги исполнат критериумите за членство во НАТО до 2020 година, Столтенберг нагласи дека Алијанста „нема да бара дозвола од Русија“ за прием на Киев во членство.

– Украина сама треба да реши за својот пат – дали сака да се приклучи кон НАТО или не, посочи Столтенберг.

natorusija

Би можело да ве интересира

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ28/09/2026 - 17:27

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 18:49

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 18:39

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 14:52

Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 09:00

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Предраг Петровиќ23/09/2026 - 15:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео