Николоски: Заев со договорот ја понижи Република Македонија

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, заедно со својот тим вчера беше во посета на Општина Сопиште.

„На средбата со граѓаните се дискутираше околу актуелната состојба поврзана со капитулантскиот договор од Преспа за преименување на Република Македонија и македонскиот народ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на пред да дојдат на власт ветуваа се и сешто, но еве веќе година ипол тие не мрднаа со прста за државата. Граѓаните на Република Македонија ги презадолжија, секојдневно се соочуваат со криминал низ улиците, посочи Николоски.

Заев со договорот што го склучи со Грција ја понижи државата, бидејќи се направија големи отстапки во кои и трајно се нарушени позициите на нашата држава.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓаните на Република Македонија треба сами и на своја волја да одлучат како ќе постапат на референдумот“, нагласи Николоски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче