ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствен човек кој што се коцка со сопствената држава и народ

Од:

„Зоран Заев е единствен човек кој што се коцка не со свои пари, туку со сопствената држава и народ.

Признанието на Заев дека при потпишувањето на капитулантскиот договор за промена на името, го ставил и народот „ол ин“ е потврда дека договорот со Грција е договор за спас на кариерата на Заев, а не за доброто на државата и народот, бидејќи тие за него се само влог.

Конечно по долго прикривање од граѓаните, Заев призна и дека свесно ги лаже и манипулира.

Тој ги манипулираше граѓаните кога велеше дека нема да се менува Уставот, а сега гледаме дека ќе се менува, па незнаејќи како да ги објасни штетите ги крие амандманите од јавноста.

Заев ги манипулираше граѓаните и кога кажа дека името ќе биде само за надворешна употреба, за само по две недели откако ја даде таа изјава да застане зад име за севкупна употреба.

Заев ветуваше многу , а не реализира ништо. Се што вети се покажа дека е манипулација.

Зоран Заев по се што и направи на државата, надворешниот срам, проследен со рушење на сите меѓународни позиции градени со децении и понижувањето со договорите кои ги склучи, но и со економскиот дебакл кој и го приреди на државата , покажа дека нема капацитет да ја води државата.

Манипулаторот Зоран Заев мора да си замине пред штетите за државата да бидат преголеми“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче