Беживотните тела на британскиот милијардер Алан Хог и неговата сопруга се пронајдени закопани на длабочина од два метри на нивниот имот на Тајланд. Тие се водеа како исчезнати од минатиот петок.
Полициско куче-трагач ги пронајде нивните тела, а беа ископани попладнево, по што беа предадени на обдукција.
Според полицијата, тројца напаѓачи го признаа убиството и открија дека ги закопале телата во дворот.
Се претпоставува дека Алан е убиен со пиштол во близина на базенот, додека неговата сопруга Нот е претепана до смрт со чекан во гаражата на нивниот имот на северот на Тајланд.
Тројцата напаѓачи признаа дека примиле 1.300 евра од братот на Нот, Варут Сачакит за да го извршат убиството, бидејќи семејството се скарало поради пари.
Варут беше уапсен бидејќи го украл автомобилот на Алан и Нот, но тој негираше дека учествувал во убиството.
– Варут е повторно уапсен поради кражбата на автомобилот у соочуество во убиството. Тројцата осомничени се уапсени по форензичката проверка на возилото. Тие го признаа убиството и го опишаа начинот на кој го извршиле, наведуваат од полицијата.
Портпаролот на британската амбасада во Бангкок изјави дека се во контакт со тајландските власти.