Започна изградбата на канализациониот систем во селото Дабиле

Од:

Во село Дабиле струмичко започнаа градежните активности за изградба на канализациониот систем во должина од 8.145 метри.

На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот на Струмица Коста Јаневски со своите соработници. Истакна дека со реализацијата на овој проект се подобрува квалитетот на животот на жителите на Дабиле.

-Населеното место Дабиле со овој проект ќе добие еден значаен квалитет, а со новиот предвиден проект за проширување на сообраќајницата од Струмица до населеното место и со реконструкцијата на патот кон границата со Република Бугарија, овој дел од нашата општина ќе добие уште поголем урбан изглед и ќе се доближи до градската средина, рече градоначалникот Јаневски.

Изградбата на канализација во селото Дабиле, но и во населеното место Просениково, е во рамките на големиот проект на Владата на Република Македонија „Водоснабдување и одведување на отпадните води“.

Изградбата на канализационите системи во овие две населени места чини 44 милиони денари, а средствата се обезбедени од Европската инвестициона банка. Со сопствен дел учествува и општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите