Евроатлантската интеграција едно од решенијата за спречување на корупцијата

Од:

Интеграцијата во Европската унија и во НАТО е едно од решенијата за спречување на корупцијата кое го посочуваат граѓаните во истражувањата. Тоа покажува еден степен на доверба на нашите граѓани во европските стандарди и институции во делот на владеењето на правото вклучително и борбата против корупцијата.

Ова го истакна министерката за правда Рената Дескоска денеска на промоцијата на научното истражување „Граѓаните на Република Македонија за корупцијата“ од авторите Цане Мојаноски, Марјан Николовски, Марина Малиш Саздовска и Катерина Крстевска Савовска.

– Задоволна сум што во Македонија се создадоа институции што застануваат на тој пат, како Специјалното јавно обвинителство кое со својата улога придонесе не само во борбата против корупцијата, туку и во кревање на свеста, рече Дескоска.

Таа посочи дека транспарентноста на судовите и јавните обвинителства во гонењето на случаите со корупцијата е една од мерките што треба да помогне.

Според министерата за правда со реформите во Законот за спречување на корупција состојбата ќе се подобри. Тука го посочи новиот закон за спречување на корупоција, што предвидува проширување на кругот на службени лица кои ќе поднесуваат изјави за имотна состојба во Антикорупциската комисија, бидејќи, како што посочи таа, евентуални ризици за корупција што се присутни не се само во највисоките ешалони, туку и подолу.

Министерката Дескоска рече дека овие истражувањата за перцепцијата на граѓаните за корупцијата покажуват во која насока може да ги бараме решенијата за овие проблеми.

Професорот од Факултетот за безбедност-Скопје, Цане Мојаноски рече дека публикацијата содржи петгодишни теренски истражувања за ставовите на граѓаните за корупцијата.

– Централен проблем на корупцијата во земјава е всушност високата корупција. Таа повеќе или помалку ја подгрева системската корупција. Оттам, не можете да очекувате ефикасна акција ако тие генератори не се стават под контрола, рече Мојаноски.

Граѓаните, како што посочи тој, корупцијата ја лоцираат во оние кои по Устав и закон се најнадлежни да обезбедат владеење на правото, а еден од нив е судот.

Мојаноски посочи дека борбата против корпцијата неможе да се реши со сет законски решенија, туку е потребна многу посериозна системска трансформација во општетството и создавање амбиент да се гради правна свест, односно свест што значи градење на одговорност за општеството и општествените односи.

Во рамки на истражувањето, како што беше истакнато на промоцијата, преку временската димензија се идентификуваат, анализираат, проценуваат и мерат определени перцепции за несаканите и негативни ефекти и последици од корупцијата, состојбата со јавниот интерес на заедницата и корупцијата, како и со подготвеноста на граѓаните да им овозможат поволности на службените лица.

Промоцијата на делото е во рамки на Месецот на науката за безбедност на Факултетот за безбедност-Скопје.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски