(ВИДЕО) Стоилковски: Уште четири дена до референдумот, а Заев ги крие амандманите од Уставот скроени по грчка мерка

Од:

„Политичарите кои ги бива да лажат и да манипулираат имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него. Политичарите кои се коцкаат со идентитетот на македонскиот народ и граѓаните да ги ставаат како влог „олл ин“ имаат име и презиме. Тоа е Зоран Заев и картелот околу него.

Зоран Заев и таквите како него не разбираат и не можат да разберат дека не се сите исти. Има политичари кои не лажат, кои имаат достоинство и на кои државните и националните интереси им се приоритет.

Остануваат уште четири дена до референдумското изјаснување на кое Зоран Заев бара поддршка од граѓаните да се само укинат како народ. Уште четири дена, а Заев ги крие амандманите на македонскиот Устав скроени по грчка мерка кои јавноста ги дознава преку медиуми. Зоран Заев и потписниците на капитулантскиот договор, со прифатените планирани измени на преамбулата на Уставот доставени од Грција, го бришат историскиот контекст на македонската борба за независна и самостојна држава. Се брише АСНОМ, а се брише и сувереноста. Со измените во Преамбулата се создава нова бинационална држава“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите на медиумите за доставените измени Преамбулата би гласела:

„Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите.“

Вчерашниот обид за манипулација од власта за планираните измени во Уставот, покажува дека се свесни дека се фатени во лагата дека наводно не ги знаат амандманите и измените, па тргнаа со нова лага, со обид за привид за штетните измени.

Заев договорил, а Димитров спроведува изедначување на македонското малцинство во соседството со македонската дијаспора во светот! Тоа не смее да се случи! Тоа се две различни категории. Дијаспората е економска категорија, луѓе кои по различни економски причини заминале во светот. Малцинството е политичка категорија која се поврзува со заедничкото етничко потекло.

Македонското малцинство во Грција кое се бори за признавање, но и за исправање на историската неправда проследена со прогони, етничко чистење и насилна асимилација, сега според најавените амандмански измени на Уставот, макар и да не мине референдумот, како што најавува власта, нема да бидат Македонци со заедничко етничко потекло со Македонците од планираната нова нација и нова држава.

И тоа било зачувување и зајакнување на идентитет и историјата според Заев, Димитров и кланот на власта. Изедначување на македонското малцинство во соседството со дијаспората, заедно со бришење на топонимите значи целосно бришење на македонското постоење во северниот дел на Грција од историјата.

Ние ќе бидеме Северните Македонци, тие што живеат во Егејска Македонија ќе бидат грчки Македонци бидејќи според чл.7 од договорот им е дозволено да бидат поврзувани со хеленската цивилизација, култура, традиција, историја. Ќе се создаде вистински етнички хаос меѓу нас што живееме во Република Македонија или како што планираат по ново Република Северна Македонија и сите други. А, тоа е и целта, да не изолираат и со тек на време да исчезнеме како мала нерелевантна група, а сите Македонци во дијаспората да ги одродат од нас. Напросто, со менувањето на нашиот идентитет сакаат да направат нов народ на Балканот, без корени и без врски“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски