СДСМ: Граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира иднината преку бојкотот што го организира

Од:

„Наместо да шири лажни вести и создава конструкции, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да каже дали ќе учествува на референдумот во недела.

Јасна е намерата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која и самата не знае дали ќе учествува на референдумот, на денот на гласањето, да прати партиски војници на гласачките места кои би ги забележувале и евидентирале луѓето кои гласаат, како што тоа впрочем и го правеше во минатото.

Македонија, граѓаните, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ насилно да ја блокира македонската иднина преку бојкотот што активно го организира.

Раководството ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски останува заробено во темното минато и работи против иднината на Македонија и нејзините граѓани.

Надлежните институциите се на висина на задачата и гарантираат организирање на фер, слободен и демократски референдум. Референдумот ќе биде набљудуван од ОБСЕ, од домашни и странски набљудувачи, како и од невладини организации и граѓански здруженија.

Правото на глас е загарантирано и неприкосновено и секој вид на притисок, уцена и закана врз избирачкото право ќе биде соодветно санкциониран.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да измислуваат и поголеми потешки лаги, но за среќа тие не се оние кои одлучуваат.

Одлучуваат граѓаните чие мнозинство е јасно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември.

Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже ЗА европска Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски