Чајот штити од Алцхајмерова болест

Од:

Пиењето чај е поврзано со намалување на ризикот од влошување на умствените способности кај повозрасните луѓе, па и кај оние кои имаат генетски предиспозиции за Алцхајмерова болест, се наведува во ново истражување објавено на „Сај-Блог“.

Само една чаша црн, зелен или каков било чај на ден кај лицата со над 55 години, го намалува когнитивното влошување за 50 отсто. Важно е само чајот да биде сварен од листовите, истакнуваат стручните лица.

– Нашите испитувања даваат значајни сознанија за превенција од деменцијата. Дури и најсовремените медикаменти за неврокогнитивни заболувања како деменцијата, не го даваат саканиот резултат, а и сегашните превантивни стратегии за нејзино спречување се далеку од задоволителни, смета д-р Фенг Ли од Кина.

Истражувањето опфатило 957 кинески државјани, кои биле следени во период од две години.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска