Асанж одбил предлог да оди во Москва како дипломат на Еквадор

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж минатата година го отфрлил предлогот на Владата на Еквадор да биде именуван за нивни дипломат на служба во Москва и со тоа конечно да ја напушти Еквадорската амбасада во Лондон, каде ги мина изминатите шест години.

Според писмо од декември 2017 година, Владата на Еквадор му дала ваков предлог на 47-годишниот австралиски државјанин, по кој САД распишаа потерница поради објавувањето огромно количество доверливи материјали од американската дипломатска служба, како и за воени злосторства извршени во текот на војната во Ирак.

Асанж беше обвинет за силување извршено во Шведска, што послужи како изговор британската Влада да распише потерница по него, принудувајќи го побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Екадорските власти се обидуваат да му помогнат на Асанж да ја напушти нивната Амбасада и како дипломат да отпатува во Москва, каде што веќе живее другиот најпознат „свиркач“ во светот, Американецот Едвард Сноуден.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот