Тимошенко ќе се соочи со обвинение за убиство

Од:

Државното обвинителство во Киев ќе покрене постапка за екс украинската премиерка Јулија Тимошенко за вмешаност во убиство на еден пратеник во 1996 година. Опозицијата веднаш реагираше дека тоа е дело на украинскиот претседател Виктор Јануковиќ.

Во интервју во украинскиот весник Komersant помошникот главен обвинител Ренат Кузмин изјави дека „има доволно докази“ да се покрене обвинение против тимошенко поради учество во убиството на пратеникот

Тој пратеник е убиен со пиштол на аеродромот во Донецк, а Тимошенко досега на судењата се појавуваше само како сведок.

„Имаме доволно докази да ја обвиниме Тимошенко и поради тоа што има многу сведоци кои тврдат дека таа го организирала и го финансирала убиството, рече помошникот на главниот обвинител на Украина.

Убиенииот пратеник во тоа време бил во конфликт со Тимошенко. Таа договарала дистрибуција на руски гас во Украина и се обидувала да ги натера фирмите во индустрискиот регион на Донецк, а нејзин конкурент во бизнисот бил токму Евгуен Чшербан.

 

Би можело да ве интересира

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“