Најпопуларната социјална мрежа на светот е основана на четврти февруари 2004. година од страна на поранешниот студент на Харвард Марк Цукерберг.
На својот почеток, Фејсбук беше наменет само за студентите на Харвард кои на овој начин можеа да комуницираат меѓусебно и да си разменуваат информации.
Подоцна им се придружија и други факултети и средни училишта, за денеска да стане една од најпосетуваните социјални мрежи на светот.
Останува да видиме со каква новина ќе не изненади Фејсбук по повод утрешниот роденден.